Учител со својот „библиомобил“ им носи радост на децата во далечните села

13.08.2014 09:43
Учител со својот „библиомобил“ им носи радост на децата во далечните села

Пензионираниот италијански учител Антонио Ла Кава продолжил да ја шири својата љубов кон книгите и читањето и по 42 години работа со деца. Од неговата стара Веспа направил подвижна библиотека која содржи околу 1.200 книги и од 2003 година ги обиколува зафрлените италијански села.

Секоја недела тој поминува 500 киолометри во сиромашната област Базиликата на југот на Италија. Кога децата ќе го слушнат звукот на сирената која го најавува доаѓањето на „библиомобилот“ се собираат околу Антонио со радост каква што обично предизвикува камион со сладолед.

Како што објаснува Ла Кава, искуството од образовниот систем го уверило дека постои подобар начин да се научат децата да сакаат книги. „Незаинтересираноста за читањето обично почнува во училиштата каде децата се воведуваат во светот на книгите со недоволно љубов. Читањето треба да биде уживање, а не должност.“

Антонио ја спроведува својата мисија без никаков надомест, со желба да им овозможи на малите деца во далечните краишта да го засакаат читањето.

Извор: detinjarije.com

Слични содржини

Активизам / Балкан / Култура

ОкоБоли главаВицФото