Истражување: Луѓето користат само 10% од можностите на своите гениталии

13.08.2014 14:32
Истражување: Луѓето користат само 10% од можностите на своите гениталии

Берлин, 13 август 2014

Луѓето користат само десет отсто од можностите на своите гениталии, покажале резултатите на тримесечното истражување на Институтот за сексологија во Берлин, кое би можело да ги прикаже машко-женските односи во сосема ново светло.

Во истражувањето учествувале повеќе стотици лица од двата пола, со различна расна припадност и старосна структура, правејќи го така примерокот репрезентативен. Доброволците во ова истражување имале задача во текот на три месеци да ги истражуваат можностите на своите гениталии без никакви ограничувања.

„Можноста за искористување на гениталиите кај испитаниците варираше од 5 до 10 отсто, во најекстремните случаи 13 отсто, што е доведено во корелација со расната и националната припадност. Со други зборови, едвај сме чепнале под површината на своите можности. Замислете што сè би можеле да направиме кога би ги 'отклучиле' останатите 90 отсто“, вели доктор Магнус Хиршфелд, основач на Институтот за сексологија.

Тој се осврна на претходните истражувања на други институти кои докажале дека човечкиот род користи мал дел од капацитетот на својот мозок, и рече дека се надева дека ова откритие нема да помине толку незабележано.

„Овде сепак станува збор за тематика која е многу поважна за просечниот човек, па се надевам дека научниците ширум планетата во годините кои се пред нас за почеток ќе успеат да откријат како да ги зголемат капацитетите на гениталиите на барем 20 отсто“, смета доктор Хиршфелд, кој затоа апелира до сите припадници на човечкиот род во слободно време што повеќе да ги истражуваат своите потенцијали и несебично да го споделат наученото, бидејќи тоа е патот до заеднички цивилизациски напредок.

„Кога станува збор за истражување на можностите на гениталиите, тоа не треба да се базира исклучиво на сексуалните односи, туку и на нивните други аспекти. На пример, во текот на истражувањето дојдовме до поразителен податок дека едвај на секој дваесетти маж му паднало на памет да ја користи ерекцијата за мокрење преку ѕид“, вели д-р Хиршфелд.

Извор: www.njuz.net