Кон тајниот демон

14.08.2014 10:37
Кон тајниот демон

Народот обожава, без да се двоуми. Тој кади со темјан, повикува или изгонува. Тој прави три, или шест, или девет поклонувања. Ја мери својата почит според надлежноста, својствата, милоста кои точно ги определува.

Зашто тој до најмала ситница го познава вкусот на духот на огништето; ги познава осумнаесетте имиња на мајмунот што го носи дождот; упатен е во печењето на златото што може да се јаде и што носи среќа.

Со какви церемонии да се укажува почест на овој демон што ме окружува и што се провира во мене? Со какви церемонии благотворни или злокобни?

Треба ли да мавтам со ракавите за да му оддавам почит или да горам гнасни мириси за да го избркам?

Со какви зборови на навреди или на прославување да се однесувам кон него во моите секојдневни обожавања: дали тој е Советник, Врач, Прогонувач, Лошиот?

Или пак Татко и голем верен Пријател?

Јас го испробав сето тоа и тој останува, ист во сета своја различност. - Бидејќи така треба да биде, о Ти што си Без Лице, не заминувај никако од мене и населувај ме и натаму: Бидејќи не можам ни да те избркам ни да те мразам, прими ги моите тајни почести.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Лијам Либерти

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото