Љубов е она што јас велам дека е!

15.08.2014 15:47
Љубов е она што јас велам дека е!

Новата серија налепници на Младинската група на Хелсиншкиот комитет за човекови права од Белград е производ на желбата антифашизмот да излезе од канцелариите, културните центри и салите за конференции и семинари. Младината на Хелсиншки сфатила дека ако сака успешно да се спротивстави на (култур)фашизмот и хомофобијата, мора да биде таму каде што ќе допре до најголем број различни луѓе.

Антифашизмот мора да биде на улиците. Преку лепењето контроверзни налепници по влезовите, автобусите, бандерите и другите места во Белград, активизмот се доживува на нов начин. Герила-активизмот е предизвик, на моменти дури и опасен, што им дава на активистите и активистките можност интензивно да почувствуваат како се менуваат нештата во своето опкружување.

Герилците и герликите своеволно се ставаат во ситуација на своја кожа да ги испробаат хомофобијата и културфашизмот на белграѓаните додека ги лепат налепниците, но и да испробаат каков однос имаат кон својот град и заедничката сопственост. Налепниците повикуваат на плурализација и дехиерархизација на културниот и сексуалниот простор. Дел од налепниците под паролата „Уметност е баш она што јас велам дека е“ се изработени во соработка со блокот cayke.is.art и со нив се иронизира културниот елитизам, преку поврзување на ремек-делата на великантие како Рубенс, Ботичели и Веласкез со иконите на турбо-џихадот како Јелена Карлеуша, Сандра Африка и секако, Цеца.

Останатите налепници се насочени исклучиво на борба против хомофобијата, со испраќање пораки на љубов кон иконите на хомофобијата во Србија, како и со обзнанување на еден толку очигледен, а толку контроверзен факт: љубов е она што јас велам дека е љубвов.

Извор: e-novine

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Историја
Активизам / Квир
Квир / Око
Активизам / Уживање
Активизам / Квир / Филм

ОкоБоли главаВицФото