Водостојот на урината во Охридското Езеро на оптимално ниво

16.08.2014 11:40
Водостојот на урината во Охридското Езеро на оптимално ниво

Охрид, 16 август 2014

Нивото на урина на охридските плажи е на оптимално ниво, изјави за Пара вести Климе Мочкаревски, в.д. директор на Секторот за хигиена на Охридското Езеро.

Како што наведува Мочкаревски, нема причина за паника, бидејќи нивото на урина е „точно во границите на кои и инаку сме навикнати“.

„Претходните денови во медиумите се појавија шпекулации дека водостојот на урината е во опаѓање. Меѓутоа, нашите лабораториски наоди покажуваат дека нивото на урина е онакво какво што се навикнавме да биде. Градските власти во Охрид ги преземаат сите потребни мерки за да им го овозможат истиот стандард на сите туристи во текот на летото“, вели Мочкаревски.

Тој додава дека за нивото на урина можат да посведочат и самите туристи и капачи, како и оние кои се занимаваат со разни водени спортови. Мочкаревски наведува дека до сега немало никакви поплаки, па претпоставува дека „капачите по субјективно чувство забележуваат дека нивото на урина е исто како и претходните месеци од летото“.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вели дека ова е една од најстабилните сезони кога станува збор за водостојот на урината.

„Иако бројот на посетители на градот варира, со задоволство констатираме дека нивото на урина во езерото секој месец беше речиси исто, задоволително високо. Ги навикнавме туристите на одредено ниво и правиме сè за да го обезбедиме стандардот“, порачува Бакрачески.

Водостојот на урината во Охридското Езеро нема да забележи значаен пад до крајот на септември, па и оние кои ќе решат да се капат во тој месец ќе уживаат во сите благодати на овој македонски природен бисер.

Извор: www.njuz.net