Њујоршки фризер во слободните денови прави бесплатни фризури за бездомниците

20.08.2014 12:36
Њујоршки фризер во слободните денови прави бесплатни фризури за бездомниците

Марк Бустос, фризер од Њујорк, своите саботи кои воедно се и негови единствени слободни денови, ги поминува шетајќи по улиците на градот и правејќи им фризури на бездомниците кои инаку не би можеле да си дозволат ваква скапа услуга.

Тој вели дека идејата му дошла откако ги посетил Филипините каде посакал да ги потстрижува локалките деца кои се сиромашни.

Бустос вели дека едно од најдрагите сеќавања за него е моментот кога му правел фризура на едно 12-годишно момче.

„Тоа е едно од најживите сеќавања кои ги имам - едноставната реакција во вид на детска насмевка. Момчето имаше 12 години и беше толку срамежливо, што никого не гледаше во очи. Немаше чевли и изгледаше прилично грубо. За време на потстрижувањето, изгледаше вознемирено и ниту еднаш не го сврте погледот нагре, сè додека фризурата не беше готова. Еден човек влезе во берберницата и рече: Сега изгледаш како да си од Њујорк! Момчето погледна нагоре и ја развлече најнезаборавната насмевка“, раскажува Бустос.

Подолу можете да погледнете дел од моментите кога овој њујоршки фризер им помага на своите сограѓани со сипматичен, но не и безначаен гест.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото