Времено решение за забрана на проституцијата, хазарните игри и музиката при јавните локали

21.08.2014 12:56
Времено решение за забрана на проституцијата, хазарните игри и музиката при јавните локали

ВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ

За забрана на проституцијата, хазарните игри и музиката при јавните локали.

Чл. 1

Се забрануват сите хазарни игри и други од подобен характер игри (коцка).

Чл. 2

Се забранува проституцијата, развратот, блудството и се’ онова кое е противно на добрите нарави и здравиот народен морал.

Чл. 3

Се забранува профанисаната кафанска музика по јавните локали.

Уметничката музика по јавните локали може да се позволи само со специјално позволение на управните власти - управниот отдел при Н.О.О. (градски и околиски) отделение на народна милиција.

Чл. 4

На сопствениците на јавните локали каде се вршат забраните предвидени по чл. 1, 2 и 3 ке се затворат локалите и ке се казнат со глоба до 100.000 лева.

Лицата кои учествуваат во извршувањето на забраните предвидени во чл. 1, 2 и 3 ке се казнат со затвор до 1 месец и глоба до 10.000 лева, а на нарушителите на чл. 1 ке се конфискуват и парите кои се навогјаат кај нив.

Чл. 5

Овоа решение влегува во сила со денот на публикуванјето.

Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949

Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции.