1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 04:59
Пастирот имал важен прием кај везирот.
Но, тонел во немир: „Шушкаат дека сум квир!
Тој вир може да ме повлече без да сум крив!“
Затоа си имал најверен советник ем мартир:
„Пастиру, везирот е безобзирен и полн со презир.
„Ако осети дека си геј, блика со презир ко гејзир!“
„Не одам, бе, на пир, ко некаков сатир!“,
беснеел пастирот пред својот советник-мартир.
„Прати им курир, нек јави - не сум квир!“
„На курирот тури му кур“, мудро рекол
советникот-мартир ем портир, најверниот пастиров потпир.
„За ориенталниот табиет ни требаат друг тип ориентири...“
Тогаш советникот-мартир рекол, вадејќи нокшир:
„За спремно да го прифатиш на презирот извирот
безболно сега прими го, пастиру, во задникот клистиров“.
И уште додал, сосем верзиран за таквиот резил:
„По клистирот не е лошо да ставиш и панцир
како двојна заштита од везировиот презир“.
Кога исплашениот пастир дошол пред везирот
овој ни две ни три прашал безобзирно:
„Да бидеме квит: дали си квир или геј?“
Пастирот одговорил во дипломатски манир:
„Ти ко емир сега внесе немир во мојот семир.
Не дојдов овде на сеир или пир, ко некаков сатир!“
А везирот рекол: „Каков сатир, бе, мисир!
Пред везир се седи како пред псалтир!
А инаку, пастиру, ти направија клистир?“
Тогаш пастирот многу се исплашил
и се сетил на мудрите постапки на советникот-мартир:
„Направено е, везиру, по пропис: и клистир и нокшир“.
„Спреми се тогаш, ликсур, за мојот еликсир!“,
рекол везирот и му дал на пастирот еден сувенир:
шишенце во форма на Александар Македонски.
„Ха ха ха! Ки-ки-ки! Кви-кви-кви!
На секој што е квир му давам ваков сувенир!“,
рекол веселиот везир, без презир.
Пастирот паднал во несвест, изгубил ориентир.
Везирот тогаш побарал од шпалирот:
„Дајте влажен пешкир за овој кир.
И доста заебанции - сега мир.
Викнете ми маникир. И еден факир.
Белки ќе бидат позабавни од пастиров квир“.
Слика: Keith Boadwee