Фацилитатор

25.08.2014 08:44
Фацилитатор

Во конкурсите понекогаш се бара фацилитатор (во некои кругови повеќе се цени ако се напише фацилитаторка): „фацилитатор за воведување стандардизација во здравството“. „Publishing Facilitator“, „Local Economic Development Facilitator“... Што би требало тоа да значи знае секој потенцијален апликатор, дури и оној кој нема калкулатор, но не сака да каже. Еден се претставува како „интернационален тренер и фацилитатор, според формалното образвование психодрамски терапевт“.

Може објаснување со новоговор? Тоа ви е комуникатор, едукатор, координатор, акцелератор, аниматор, медијатор, модератор, модулатор, манипулатор, организатор, стимулатор и консултант - заедно.

Од скоро (1970-тите) употребуваниот англиски збор со латински и француски корен facilitator (фејсилитејтор) не е директно преведен на нашиот јазик, туку глобализациски се одомаќинува и овде. Описно понекаде се наведува дека тоа е лице кои користи знаења врзани за групната динамика за да ја олесни комуникацијата и „да им помогне на роговите во вреќа“ самите да ја дефинираат заедничката цел. Најдобар превод можеби е германското der Diskussionsleiter, што би се рекло со други туѓи зборови, менаџер на дискусија - но неговиот настап не смее да биде тевтонски, туку близок до значењето на зборот facile - лесен, течен, љубезен, вешт.

А изгледа во тоа е заебанцијата.

Постои Меѓународно здружение за фацилитација и Српска мрежа за фацилитација, кои ако докажете дека сте сертификуван фацилитатор ќе ве извести за афилијацијата, што значи - ќе ве вклучи во мрежата, ќе ве зачлени, како Радован III.

Изразот доаѓа преку невладиниот сектор (фацилитатори во мировниот процес); преку образованието (фацилитатор за подем во кариерата), но доаѓа и преку бизнисот (независен маркетиншки фацилитатор, фацилитатор во процес, внимавајте сега, на партиципативно планирање, партиципативно буџетирање).

Фацилитаторот не мора нужно да биде експерт за темата за која се расправа. Тој е неутрален и не изразува сопствено мислење дури и ако го има, а сите, секако, веруваат дека така се однесува и Роберт Купер, фацилитаторот на ЕУ за косовскиот дијалог.

Мислите дека е лесно да се биде менаџер на дискусија, фацилитатор. Вклучете вентилатор. Гледајте на часовникот... Кога во текот на дискусијата ќе се постигне напредок, сумирате...

А се лажете.

Маките на фацилитаторот можат да бидат големи.

Извор: vreme.com
Слика: Leta Sobierajski

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото