Копенхаген, град во кој и семафорите се прилагодени на велосипедистите

26.08.2014 09:58
Копенхаген, град во кој и семафорите се прилагодени на велосипедистите

Копенхаген е вистински рај за велосипедистите, а во прилог на тоа оди и самата инфраструктура на градот која е погодна за граѓаните кои се превезуваат на две тркала. Откако во Данска беше отворена првата велосипедска сообраќајница, поттикнувањето наместо со автомобили да се оди на работа со велосипеди сега доби уште еден силен адут - велосипедскиот мост The Bicycle Snake (Велосипедска змија), дизајниран од архитектонското студио Dissing+Weitling, кој го прави возењето велосипед уште позабавно.

Што се однесува до инфраструктурата погодна за велосипедистите, Данска покрај неизбежната Холандија е водечка во светот. Она што Копенхаген им го нуди на луѓето што возаt велосипед е тешко да се надмине.

Пред две години беше отворена првата велосипедска сообраќајница, а сега и впечатливиот мост за велосипеди наречен The Bicycle Snake, дизајниран од Dissing+Weitling, кој се истакнува со својата портокалова боја.

Во Копенхаген повеќе од 50 отсто од населението оди на работа со велосипед, а целата култура на земјата го поттикнува велосипедизмот, за што е изградена и соодветна инфраструктура, па така брзината на менувањето на светлото на семафорот е темпирана според брзината на велосипедистите, патекиte се израмнети за возењето со велосипед да биде што безболно, а тука се и местата за паркирање за велосипедите. Но, велосипедите во Данска се толку популарни, што често е прилично тешко да се најде место за паркирање.

Данците постојано се во потрага по решенија за подобрување и олеснување на движењето со велосипед, па и мостот на Dissing+Weitling е дел од таа низа. Долг 235 метри, мостот со упадлива портокалова боја се протега над пристаништето Хавнехолмен и околу шопинг центарот Фискеторвет, овозможувајќи им на велосипедистите слободно да се движат. Имено, таа рута инаку би била проблематична за велосипедистите, како поради бројните пешаци, така и поради столбовите и острите свиоци.

Самите пешаци исто така беа изожени на непотребни опасности поради велосипедистите. Затоа архитектонското студио Dissing+Weitling даде навистина извонреден предлог - подолг мост кој целосно ги одвојува пешаците од велосипедистите. На велосипедистите возењето по мостот им е удобно, можат побрзо да се движат, а самиот мост претставува и покрив за пешаците кој може добро да им дојде кога времето е лошо.

Самиот мост е напревен од челик, изгледа многу елегантно, а површината е обоена со светлопортокалова боја. Со вграденото осветлување мостот навечер претставува и сјаен визуелен елемент и украс на градот.

 

Извор: Wired

ОкоБоли главаВицФото