Керамички авантури

26.08.14 12:23

Скулпторката Меган Богонович од Њу Хемпшир е авторка на неверојатна серија скулптури исполнети со бајковити елементи и детали. Како Алиса која скокнува во дупката на зајакот за да влезе во Земјата на чудата, ликовите во делата на Богонович на сличен начин ги започнуваат своите фантастични патувања.

Малите фигури носат старомодна облека, додека влегуваат во колосалните, начичкани структури кои потсетуваат на корали, актинии и други органски форми. Скулптурите се обоени со различни пастелни бои, кои ја доловуваат естетиката на шармантните стари приказни. Со бројните заплеткани елементи и текстури на секое парче, лесно е гледачот да се почувствува изгубен во деталите како што и протагонистите се изгубени во нивната љубопитност и авантури.

Скулпторката вели дека нејзините дела се инспирирани од богатите приказни. „Секогаш сум одушевена од приказна која има многу линии на сижето за следење. Новели, весници, љубовен живот, историја, семејна драма, политика, озборување. Овие нишки на приказната донесуваат свои ликови, костими и опкружувања. Тие се во меѓусебна интеракција и се повторуваат“, вели Богонович.

Извор: Hi-Fructose

ОкоБоли главаВицФото