Како пастирот се олеснил врз документите за СК014 и како ситуацијата ја спасиле Александар Станкоски и Бранислав Саркањац

27.08.2014 08:26
Како пастирот се олеснил врз документите за СК014 и како ситуацијата ја спасиле Александар Станкоски и Бранислав Саркањац

Во Министерството за култура биле собрани сите главни извршители на грандиозниот таен проект СК014. Се чекало само доаѓањето на демијургот, човекот во чијашто глава, како од морска пена, се роди идентитетот на новиот Македонец. Пастирот вообичаено доцнел. Кога во еден момент се појавил тој направил нешто што длабоко ги шокирало сите присутни (вџашен бил дури и советникот Александар Станкоски, инаку навикнат на надреални собитија): демијургот, без да прозбори ни збор, се качил на големата маса за седници и просто се олеснил врз купот нови и стари проекти кои засекогаш ја менуваат судбината на главниот град.

По шокантното олеснување на демијургот врз списите од СК014, Александар Станкоски и Бранислав Саркањац ги собрале гомната и ги затвориле во конзерва од Винојуг, Гевгелија.

„Вака заврши и модернизмот“, му рекол Станкоски на Саркањац.

„И почна постмодернизмот“, одговорил Саркањац, по што двајцата се насмеале.

Слика: Свирачиња

Слични содржини

Книжевност
Пандалф Вулкански
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото