До стопанот на наградата „Енхалон“

28.08.2014 11:50
До стопанот на наградата „Енхалон“

(Одговор на текстот: Проблемот е едноставен, Брацо! Од Џоко Здравески)

Вие повторно се јавувате. Фантастично! И повторно со истиот „ачик“, но овој пат не сте гласот од длабочината, овој пат сакате да се прогласите како глас на вистината. Одлично! Но и натаму останувате поет de profundis и само нешто прашувате. Како да го спасувате падот на македонската книжевност. Од кого? Но, добро, спасувајте! Пред да Ви напишам неколку реченици, чувствувам дека треба нешто да Ве потсетам:

Бидете љубезен и прашајте го вашиот директор спасител на нашиот разговор кога тој победнички ве спасуваше (мислам на вашата поетска група). Ако има доблест тој ќе Ви каже дека рекол воопшто не му е важно кој ќе ја добие наградата, но дека вашата поетска група ќе го бојкотирала маладиот поет и со тоа ќе му пропаднала една програмска содржина. Второто нешто што треба да го знаете е состојбата по вашата победа. Има сè уште чесни луѓе кои ќе кажат (тоа го кажаа во присуство на академици и професори) дека првите луѓе на фестивалот веднаш се амбицирале да најдат замена за криминалното жири кое се дрзна (овој збор го позајмувам од вашиот речник), да награди еден деветнасетогдишен поет, се разбира без Ваша дозвола. Ако во тоа не верувате, прашајте го директорот. И на крај третата општа формулација која треба да ја знаете: Мој драг пријателе, поезијата не е естрада, не е ни реципроцитет, не е послушност, не е сценски настап, ни групна уметност, не е ни револт за спас на самобендисаноста, не е став на екипа или тим. Со еден збор-поезијата не е колективна уметност. Поезијата е самотијата и успешноста сам нешто да направиш. Поезија е да имаш храброст да погледнеш во сопствениот литературен багаж, и да видиш што си направил до сега. Кога таму ќе видите празнина, рамислете. Не знам дали Вие тоа го разбирате. Веќе ви одговорив, немојте да ја спојувате Вашата суета со судбината на генерацијата. Генерацијата е нешто многу поголемо и никој не Ви дал право генерација да биде само Вашето опкружување. Тоа е нешто многу поширико и многу покреативно.

Сега за вашите дилеми. Да, јас, Братислав Ташковски, јавно кажав дека на младиот поет му е одземена наградата. Вие во одбрана на Вашата немоќ барате барате „правно оправдување“. Тоа е Ваш проблем. Ако Вие и првите луѓе на фестивалот сакате вистински да погледнете, ќе видите дека наградата е одземена, а за тврдењето дека наградата не е валидна само затоа што еден член од комисијата не се согласувал со оодлуката и не ја потпишал, не можам ништо да кажам. Тоа навистина е изненадување од незнаење. Има десетици награди кои се доделени со мнозинство гласови и не се потпишани од сите членови на жирито. Ако директорот и вашата поетска група тоа не го знаете, прашајте го претседателот. Тој нека Ви одговори. Ниедна книжевна награда не се доделува со консензус.

Добро е што сте упорен работите да ги истерате на ачик. Повторно тоа го поздравувам, но и ве прашувам - кој Ви го дал правото наградата „Енхалон“ да ја чувствувате за сопственост и Вие и Вашата поетска група да одлучувате за нејзините добитници. Размислете малку за тоа. Па вие не сте стопан на наградата „Енхалон“.

Завршувам со следното признание: Навистина ми претставуваше чест да ги прочитам 70-те песни пристигнати на конкурсот. И понатаму стојам на мојот избор и нагласувам дека најдобрите песни на тој конкурс беа од двајцата најмлади учесници, кој вашиот член на жирито ги прогласи за адолесценти, лоши и неталентирани. И за чудо инсистираше на Вашите песни.

П.С.

Драг Џоко,

Поезијата е многу поглема од секоја книжевна награда. Веќе ти напишав, револтот е оправдан, но тој нема никаква поетска вредност. Те поздравувам и ти посакувам многу успех во твојата кариера. Ова ти го кажувам најискрено и надвор од оваа непотребна полемика.

Брацо.

Слика: Tenia

ОкоБоли главаВицФото