Лондонските скинхедси од крајот на 1970-тите

29.08.2014 12:57
Лондонските скинхедси од крајот на 1970-тите

Британскиот фотограф Дерек Риџерс кон крајот на 1970-тите години започнал да ги фототографира скинхедсите во Лондон, местото каде што настанала оваа субкултура десет години претходно. Риџерс го бележел секојдневниот живот на скинхедсите цели пет години.

Неговите фотографии на младите луѓе од работничката класа кои се истакнувале со специфичен моден израз, тетоважи и задолжително кратко истрижена коса, неодамна се наоѓаат меѓу кориците на монографијата Skinheads 1978-1984.

Во петте години документирање на оваа субкултура, Риџерс запознал многу од овие млади луѓе, а повеќето од нив, како што вели, биле пријателски настроени и многу љубезни. Во тоа време, движењето не подразбирало напади на припадници на други религии или раси.

„Во тие пет години не видов никакво насилство меѓу нив“, пишува Дерек Риџерс на неговата веб страница.

Во продолжение, претставуваме дел од фотографиите застапени во монографијата Skinheads 1978-1984.

Извор: www.derekridgers.com

ОкоБоли главаВицФото