Градови во куфер

29.08.14 13:20

Јин Ксиужен е уметница која е опседната од патувањето во различни градови и од градот како феномен. За потребите на нејзината серија макети/модели од повеќе светски градови со наслов „Преносливи градови“, таа собира облека која ја носеле луѓе во различни градови и ја користи како материјал за изработка на минијатурните модели, и тоа во куфер. За да му овозможи поцелосно искуство на гледачот, во куферот се наоѓа и посебен уред кој емитува звуци снимени во соодветниот град претставен од моделот на Ксиужен.

Во време кога сè повеќе луѓе патуваат на дневна основа, кои се чувствуваат дома секаде и никаде, проектот е интересен обид да се долови „животот во куфер“ и загубата на идентитетот сфатен како поврзаност со конкретно место и култура.

Извор: Ignant

ОкоБоли главаВицФото