Квир уметник го документира преминот од женско во „машко“

01.09.2014 09:34
Квир уметник го документира преминот од женско во „машко“

Фотографот Вајн Нили, кој живее и работи во Торонто, во неговата серија автопортрети „Од женско до машко“ го документира сопственото истражување на родовиот идентитет. Нили го документирал неговиот премин од жена во „маж“ со неделни фотографии, вокални аудио снимки и други предмети кои ја претставуваат и симболизираат споменатата транзиција.

Како транс-идентификуван квир уметник кој фотографирал разни видови луѓе од квир заедницата, Нили никогаш немал интимен пристап до физичката трансформација на некој друг човек. Кога веќе знаел дека ќе зема хормони, одлучил целосно да го документира искуството користејќи евтина инстант камера.

„Силно се идентификувам со трансродовиот идентитет. Тој не е бинарен како што општеството веројатно очекува да биде. Кога хетеронормативното или меинстрим општество замислува женско тело кое се трансформира во тело кое смета за машко, автоматски се чита дека тоа лице е 'од женско до машко' или FTM (female to male). Тоа искуство може да биде точно за многу луѓе, но и многу погрешно за други. Воопшто не се идентификувам како машко“, вели Нили, објаснувајќи дека не постои само еден вид транс-искуство.

Извор: www.wynneneilly.com

ОкоБоли главаВицФото