Турските серии ќе се преведуваат со Google Translate, бидејќи така имаат повеќе смисла

03.09.2014 09:31
Турските серии ќе се преведуваат со Google Translate, бидејќи така имаат повеќе смисла

Скопје, 3 септември 2014

Неколку македонски телевизии кои емитуваат турски серии официјално ја потврдија информацијата дека последните неколку епизоди ќе се преведуваат преку Google Translate, а оваа практика ќе продолжи и во иднина. Од телевизиите велат дека фановите не треба да негодуваат поради оваа необична постапка, бидејќи на овој начин сериите во голема мера добиле на квалитет.

Според вработените во телевизиите, првично бил планиран конвенционален превод на сериите, па биле ангажирани професионани преведувачи од турски јазик. И покрај тоа што менаџментот на телевизиите бил задоволен од преводот, тие забележале дека преведувачите постојано се вклучени на Google Translate. Одговорните во телевизиите прво сакале да ги отпуштат преведувачите, но тие објансниле дека не го користат споменатиот програм поради незнаење на турскиот јазик, туку затоа што изворните дијалози биле тотално бесмислени.

„Еден од преведувачите ни го покажа автентичниот превод на првите неколку епизоди, и тоа навистина беше ужасно. Речиси ниедна реплика немаше смисла. Се консултиравме со уште неколку преведувачи кои потврдија дека преводот е автентичен“, рече директорот на една позната скопска телевизија кој сакаше да остане анонимен.

Тој откри дека преведувачот сосема случајно, во момент на очај поради бесмислените дијалози кои со денови ги преведувал, ископирал неколку реченици во Google Translate, и сфатил дека иако преводот во целост е погрешен, значително е пологичен од оригиналот.

Од телевизиите кои емитуваат турски серии велат дека оваа постапка ќе се примени и на другите 15 серии кои ќе се прикажуваат во следните две години.

„Повремено и на овој начин доаѓа до нелогичности, кои секогаш се отстрануваат кога реченицата во Google Translate од турски ќе се прведе на шпански, од шпански на германски, а дури потоа од германски на македонски“, открива еден од преведувачите.

Извор: www.njuz.net