Временска прогноза од 2050: природни катастрофи, екстремни поплави и големи суши

03.09.2014 11:18
Временска прогноза од 2050: природни катастрофи, екстремни поплави и големи суши

Какви ќе бидат временските прогнози во 2050 година? Многу драматични и вознемирувачки ако климатските промени излезат од контрола, тврдат научниците.

Светската метеоролошка организација (WMO) со седиште во Женева објави видео кое предвидува какво ќе биде времето во 2050 година.

Видеото е креирано врз основа на она што се случува во моментов, а предвидува дека просечната температура може да порасне за повеќе од 4 степени Целзиусови до крајот на XXI век.

Тоа би можело да доведе до екстремни временски услови во светот, како што се бури, суши и поплави.

WMO ги повика телевизиските метеоролози во светот да ја презентираат нивната временска прогноза за да се обидат да ја разбудат свеста на луѓето. Првата снимка беше објавена во понеделник, а останатите видео клипови ќе бидат објавени во текот на месецот на нивната официјална веб страница.

Многу силни дождови и ниски температури, скршени стебла, отежнат сообраќај... На тоа се заснова драматичниот приказ на можните сценарија, базирани на најновите сознанија на климатолозите.

Овој проект има цел да обезбеди поддршка за дискусијата која ќе биде одржана во склоп на Самитот на Он на 23 септември. Од WMO се надеваат дека ќе се склучи некој вид правен договор кој ќе доведе до големо намалување на употребата на емисијата на штетни гасови од следната година.

Извор: Daily Mail

ОкоБоли главаВицФото