Античка психоделија во Порта Македонија: Лицата на Александар & градот со седум капии - Скопје

03.09.2014 15:02
Античка психоделија во Порта Македонија: Лицата на Александар & градот со седум капии - Скопје

На 3 септември (среда) во 19:30 часот во Порта Македонија ќе се одржи изложба на Гордана и Наталија Винчич, познати и како Д Винчич Систерс, објави порталот Кукурику.

Да не должиме и парафразираме: пренесуваме дел од описот на овој фасцинантен проект, кој е изложен на не помалку убава и впечатлива локација. (Рака на срце, описот не е баш најјасен, веројатно поради целиот мистицизам кој го содржи...)


„Идејата за градот со седум капии се роди во 2000 година во Скопје. Сестрите Винчич беа разжалостени поради отсуството на животниот жар. Тие имаа и голем копнеж да излезат од секојдневието преполнето со лимети и рутини. Немаа ниту инспирација ниту свесни одлуки со кои би можеле да си ги контролираат своите мисли, својата енергија и фокусот. Нивниот индивидуален развој стагнираше, несвесно и неприметно за нив. Не се чувствуваа живи, исто како да беа во една безизлезна ситуација и слепа улица. Не можеа да ги видат раните на своето внатрешно дете, дете кое беше закопано во заборав. Нивните емоционални туби беа исто така испразнети, но сè уште не беа спремни да се сочат со тој факт.

Д Винчич Систерс - Гордана и Наталија Винчич

Еден пролетен ден, во градот Скопје, седејќи во својата минијатурна мансарда (токму кај денешната Триумфална Капија), сестрите ја донесоа својата одлука. Да го решат овој огромен проблем. Свесни за предизвикот кој си го поставија и за фактот дека една без друга нема да успеат на патот кој им престојуваше. Сестрите ба убедени дека голем број од населението во родниот град го имаат сличниот проблем и дека напорот за изнаоѓање решение ќе допринесе за сите. Нивниот сон беше да ја спојат уметноста со индивидуалниот развој за да ги решат личните но и проблемите на останатите граѓани.

За да тргнат по патот на просветлувањето, сестрите насобраа смелост и инспирација од јунакот, кој со своето копје ги отвора капиите на огромната камена глава и го уби лошиот маѓепсник. Јунакот за кој станува збор, доаѓа од легендата за постанокот на градот Скопје. Тој немал име, и затоа луѓето го викале тој Со Копје, тој С’КОПЈЕ, на крај и самиот град го нарекле Скопје. Легендата за настанокот на градот Скопје носи тајни со чија помош се доаѓа до просветлување, безусловно веруваат сестрите. Тие ги претставуваат своите толкувања за легендата, со седум слики кои симболички се капии т.е. седумте отвори на камената глава на легендата. Јунакот ги отвора капиите на главата со помош на своето копје и таа повторно ги добива сите свои сетила назад, со сетилата таа станува повторно моќна и свесна.

Откако ги најдоа сите седум капии, сестрите се соочија со нов предизвик - Духот на Александар Македонски.

Така произлегоа и 13 уметнички дела, кои исто како и седумте капии се проследени со приказни кои носат пораки за набљудувачот. Културниот проект на изложбата се состои од два сегмента - „Лицата на Александар“ и „Капиите на градот - Скопје“. Александар Македонски (Александар Велики) бил успешен стратег и освојувач, посебно почитуван поради својата огромна желба да ги обедини луѓето, а не да ги раздвојува. Неговата поранешна унија и стратегија на владеење, се многу слични со оние од денешната Европска Унија. Неговиот дух не е заинтересиран за препреки и граници. Тој посакува да види што се случило со некои делови од неговата поранешна земја, како се развивале традициите и кој е идентитетот на луѓето што денеска живеат на тие простори. Неговиот дух патува низ времето и вниманието му го привлекуваат луѓе или ситуации. Сите тие моменти и доживувања тој ги изразува преку уметничките дела на сестрите. Во нив постојат многу симболи и скриени пораки кои ќе го инспирираат набљудувачот да гледа подлабоко во светот на симболизмот и да го најдат своето вистинско богатство. Секоја слика е пропратена со кратка историја, која е конектирана со луѓе или ситуации од Македонија, каде што неговиот дух го доживува сето тоа.“

Целата психоделија можете да ја прочитате овде.

ОкоБоли главаВицФото