Библиоциклирање: со велосипед до библиотека од град до град

04.09.2014 10:00
Библиоциклирање: со велосипед до библиотека од град до град

Во склоп на Библиоциклирање, проект на студентите по библиотекарство од Филозофскиот факултет во Загреб кој е осмислен поради поттикнување на читањето, промовирање на библиотекарската струка и библиотеките како места за дружење и забава, шестмина студенти по библитекарство, Ведран Перуничиќ, Ана Мариќ, Тито Клиска, Тамара Беловиќ, Дора Јуришковиќ и Сања Миловац, од 1 до 10 септември со велосипеди ќе преминат пат од Загреб до Сплит, а ќе запрат и во библиотеките во Дуга Реса, Слуњ, Кореница, Грачац, Книн, Сињ и Сплит.

Во секој од споменатите градови ќе се одржат читателски работилници наменети за деца, кои вклучуваат претставување на автори и дела, читање текст и разговор за него, креативно изразување и интерактивни игри. Целото патување ќе биде забележано со видео камери за да може дополнително да се сними документарен филм. Проектот ќе го поддржи фотографката и снимателка Анита Наѓ, која волонтерски ќе ја следи реализацијата на проектот како и подготовките за самата изведба.

Библиоциклирање е проект покренат во склоп на колегиумот Управување со информации и знаење, а негово продолжение е успешно спроведениот проект Читателски клуб за деца, кој го основаа студентите во по библиотекарство во соработка со Детската библиотека Марин Држиќ и библиотекарката Ана Павлек.

Проектот може да се следи и на Фејсбук, а трејлерот за него можете да го погледнете подолу.

BIBLIOCIKLIRANJE | Trailer 2014. from Bibliocikliranje on Vimeo.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Активизам / Балкан / Култура
Општество / Активизам / Книжевност / Култура
Психологија / Наука / Култура
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото