Чудесиите на Ниче Димовски: селење на душите и обнова на возниот парк

04.09.2014 12:39
Чудесиите на Ниче Димовски: селење на душите и обнова на возниот парк

Ниче Димовски ги претставува моќите на античкомакедонското копје во емисијата „Јади бурек

 

За оние кои не ја познаваат небетонската страна на Ниче Димовски - Македон, неговите книги може да претставуваат вистинско изненадување и возбуда. „Вистината за вечноста“ е четиво кое несомнено ќе го задржи вниманието и на најпребирливите читатели, особено поради широкиот тематски спектар: астрални патувања, закон за привлечност, бесмртноста на душата, галаксијата и сончевиот систем, наоѓање совршен партнер во љубовта, богатствата на Македонија од древнина до денес, здравје, исхрана и дишење... и како да имате возило од соништата.

Некако вниманието најмногу ни го привлече последнава тема, па решивме да го споделиме краткиот параграф што ќе ви открие како да си го подновите возниот парк по ваша желба, без многу мака, по рецепт на Ниче Димовски - Македон.

Имајте возило од соништата

Секој посакува некакво превозно средство, дали ново или половно не е важно тоа е дел од нашата секојдневна потреба. Една пријателка која земаше скромна плата, сонуваше за ново возило. Гостувајќи кај неа во емисија ме праша што треба да направи за да привлече таква околност. Толку многу веруваше во Законот за привлечност, што навистина морам да ја посочам како пример. На ова прашање ѝ одговорив:

-Дали имаш пари или не во моментов, воопшто не е важно, најважно е да имаш силна желба со доминантна мисла.

-Одбери какво возило сакаш да имаш, и која марка.

-Купи си сувенирче за ново возило и некој освежувач кој ти се допаѓа.

-Започни да визуелизираш како ги чувствуваш клучевите во рака, како седнуваш во возилото, како ја затвораш вратата и сама си. Сега почувствувај го мирисот на новото возило и освежувачот, кој го отвораш да го наместиш. Запали го моторот, менувај ги брзините, прави го сето она што би го правела додека возиш.

-Замисли како пристигнуваш кај најблиските, како тие те гушкаат и ти честитаат за новото возило.

-Враќај се во својот дом со возилото, како што вообичаено правиш. Заклучи и стави ги клучевите во торбата или во џебот.

-Кога влегуваш дома, замисли си како го гледаш возилото паркирано пред твоето живеалиште, онаму каде што го оставаше старото возило.

Верувале или не, по неколку месеци девојката доби подарок - ново возило, токму такво какво што посакуваше. Подарокот беше од нејзина блиска пријателка, која имаше големо материјално богатство, но немаше семејство.

Бонус трака од истата книга: визуелизација на преминот на душата, во облик на тело и сосе облека :)

Извор: „Вистината за вечноста“, 2012.

ОкоБоли главаВицФото