Тачи: излегуваме од парламентот, влегуваме во владата на местото на Урко

05.09.2014 08:52
Тачи: излегуваме од парламентот, влегуваме во владата на местото на Урко

Ресторан „Сушико“, октомври 2014

Демократската партија на Албанците (ДПА), по тепачката со пратениците од ДУИ, конечно реши да го напушти Собранието, информираше денеска лидерот Мендух Тачи на пресконференцијата во ресторанот „Сушико“.

„Излегуваме од Собранието, ама ќе влеземе во Владата и тоа на местото на Урко. Ќе го штитиме премиерот Никола Груевски и така ќе го исполниме ветувањето дадено пред изборите дека дури и со еден пратеник ќе бидеме дел од оваа власт“, изјави првиот човек на ДПА .

Тачи смета дека тепачката во Собранието е и тоа каков доказ дека неговите пратеници се способни и обучени да се соочат со сите предизвици и опасности што ги носи нивната нова улога во власта.

„Ако некој му се приближи на војводата Грујо има да биде касапаана“, порача Тачи.

Извор: Фокус