1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Фотографот Лунае Парачо ги поминал претходните неколку години занимавајќи се со влијанието на градежните проекти на животот во Амазон. Дрвокрадците веќе некое време ги загрозуваат дождовните шуми, па припадниците на племето Каапор, уморни од незаинтересираноста на државата, решиле да ги земат работите во свои раце.
Воините од тоа племе ги ловат дрвокрадците и ги протеруваат од својата земја. Честопати самите биле цел жртви на нападите на дрвокрадците, но во овој случај е поинаку: „уморни сме од чекање властите да го решат нашиот проблем“, вели Иракадју, главатар на племето.
Начинот на живот на племето Каапор во целост зависи од шумата. Овие староседелци го почитуваат и чуваат секое живо дрво, бидејќи веруваат дека ѝ помага на Земјата да дише.
На фотографиите на Лунае Парачо може да се забележи лутината на припадниците на племето Каапор, кои во напливи на бес ги тепаат и соблекуваат дрвокрадците и им ги уништуваат возилата.
Извор: The Atlantic