Што е глупо?

09.09.2014 08:51
Што е глупо?

1. Доколку мислиш дека е во ред ти да ѝ служиш на државата, наместо таа тебе.

2. Доколку мислиш дека власта е од Бога дадена.

3. Доколку мислиш дека секое градење е во корист на граѓаните.

4. Доколку мислиш дека е во ред државата да ги распродава природните богатства.

5. Доколку мислиш дека е во ред странците да бидат ослободени од давачки и да работат во привилегирани услови, а домашните бизнисмени да бидат казнувани за најмала грешка.

6. Доколку мислиш дека е во ред да се носат закони по скратена постапка без никакво учество на граѓаните.

7. Доколку мислиш дека е во ред државата да склучува такви договори со кои странски фирми можат да ангажираат македонски работници само за минимална плата, затоа што државата се согласила да им плаќа социјално и здравствено.

8. Доколку мислиш дека купувањето социјален мир е еднакво на напредок.

9. Доколку мислиш дека минатото е поважно од иднината.

10. Доколку мислиш дека коњите излеани во леарницата Панко се од клучно значење за идентитетот на македонскиот народ.

11. Доколку мислиш дека 11. место одоздола на листите на светската сиромаштија е измислено.

12. Доколку мислиш дека е во ред 30% од населението да живее под прагот на сиромаштијата.

13. Доколку упорно и упорно ја избираш истата таа власт која те вјавнала на грбача и ти ја шмука крвта.

14. Доколку мислиш дека не е на тебе да ја контролираш власта и да се побуниш.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Ben Chen