Читање за слепи - предизвик што има смисла

10.09.2014 13:25
Читање за слепи - предизвик што има смисла

Актерката Маја Салкиќ чита книга за да остави снимка во Библиотеката за слепи лица во Сараево

Различни „предизвици“ изминатиов период го преплавија Фејсбук. Прво почна „ледениот предизвик“ кој имаше за цел да го сврти вниманието кон смртоносната болест АЛС. Полевањето со кофа студена вода набрзо беше естрадизирано до толкава мера, што се заборави за што е наменето. За среќа, предизвикот со ледена кофа ја исполни својата првобитна цел - благодарение на акцијата се собраа повеќе од 90 милиони долари во фондот за истражување на болеста.

Уследи предизвикот со шлаканици - во кој учествуваа и неколку јавни личности од БиХ. Поентата беше да се „повикаат“ Босанците и Херцеговците пред претстојните избори.

Истовремено започна и „Book Challenge“, во кој номинираните треба да препорачаат десет книги за читање.

Гласот на разумот на својот Фејсбук профил го сподели Зоран Иванчиќ (активист познат и како „гласот од топлата“ кој врескаше „убијци“ на дочекот на злосторникот Дарио Кордиќ). Иванчиќ го прекина бесмисленото набројување книжевни наслови, повикувајќи ги сите да прочитаат на глас некои од нив, во акцијата за слепи лица Читање за убунту:

Слично се случи и со Библиотеката за слепи. На својот Фејсбук профил, тие напишаа:

„Нашата долгогодишна соработничка, познатата БХ глумица Алена Џебо-Хеќо беше предизвикана. Но, на предизвикот одговори со предизвик, кој за разлика од сите други беше конкретен. Имено, Алена повика десет лица да прочитаат по десет книги во Библиотеката за слепи лица и лица со слаб вид во БиХ. Повикот предизвика големо внимание и луѓето се одзваа“, објави Библиотеката за слепи.

Тоа е вистински #Bookchallenge!

Доколку сакате да споделите убав пишан збор со слепите лица, прочитајте нешто на глас и снимете го тоа во mp3 формат. Сè друго е објаснето на страницата Читање за убунту која можете да ја најдете на овој линк.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото