Незадоволен од платата во државниот сектор човек основал сопствена политичка партија и заработил милиони

11.09.2014 14:47
Незадоволен од платата во државниот сектор човек основал сопствена политичка партија и заработил милиони

Скопје, 11 септември 2014

Приватната иницијатива може да биде и повеќе од исплатлива и во Македонија, а за тоа најдобро сведочи примерот на човекот кој ризикувал, напуштил сигурна работа во државна администрација за да основа сопствена политичка партија, што му донело милионска заработувачка.

„Работата во државна служба имаше многу предности, но платата не ги задоволуваше сите мои потреби. Отсекогаш сакав повеќе. Затоа формирав сопствена партија и започнав самостоен бизнис. После првата година која помина во истражување на пазарот и борба за позиција на него, овој чекор се покажа како исклучително исплатив. По повеќегодишно искуство со задоволство можам да кажам дека сум ситуиран, некои би рекле и богат човек“, раскажува овој политичар кој замоли да не го откриваме неговото име.

Успешниот претприемач истакнува дека не ги разбира луѓето кои постојано се жалат наместо да ги земат работите во свои раце и самите да си изградат иднина.

„Од лелекање нема фајде. Не смеете да се препуштите на работите и да очекувате дека државата и политичарите ќе ви обезбедат подобар живот. Морате да запнете, цврсто да ги зграпчите сите можности и успехот нема да изостане“, вели бизнисменот-политичар и ги повика новинарите на Пара вести на следните избори да го доверат својот глас токму на неговата партија, бидејќи ќе знае да го претвори во пари на вистински начин.

Извор: www.njuz.net