Решение за формирање на ФК „Вардар“ (1947)

15.09.2014 11:32
Решение за формирање на ФК „Вардар“ (1947)

Одделенијето на Внатрешни Работи при гратскијот извршен одбор Скопје, како надлежно за решавање по пријавата на фискултурното друштво „Вардар“, заведена под број 19781 од 25 јули 1947, а на основа на член 13 буква а од законот за удружењата соборите и другите јавни скупови, констатирајеки да са исполнети прописите на член 14, 15, и 16 од истијот закон го донесе следното:

                  РЕШЕНИЈЕ

Се одобрава работата према поднесените правила и програма оснивањето на фискултурно друштво „Вардар“ со право на дејност во подрачјето на град Скопје.

Ова решеније да се достави на Георги Икономов, преседател на гратскијот народен одбор Скопје улица Ленинова број 34, заједно со по еден примерак од одобрените правила и програма, како прв потписник на пријавата. Предавањето на ова решеније да стане срешту потпис.

Се задолжува друштвото да ова решеније едно кратно го објави во службен весник на Народна Република Македонија, за које објаување да биде известено ова одделеније.

Препис од ова решеније, како и два примерка од правилата и два од програмата се доставени на Министерството на Внатрешни Работи на Н.Р. Македонија за снеденије.

Таксата за ова решеније по тар број 1 и 7 од законот за таксите е наплатена и прописно поништена.

Решено во Одделенијето на Внатрешни Работи при Гратскијот извршен одбор Скопје на 28 јули 1946 година брј 19781.

Смрт на фашизмот Слобода на народот

Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции.

Извор: junkcola.blogspot.com