Текстилните пеперутки на Јуми Окита

15.09.2014 13:50
Текстилните пеперутки на Јуми Окита

Јапонската уметница Јуми Окита која живее и работи во Северна Каролина, создаде фасцинантна колекција од рачно изработени молци, пеперутки и други инсекти. Овие прекрасно изработени „текстилни скулптури“ се направени од памук, синтетичко крзно, жици, пердуви, бои, а деталите се изработени со везење.

При изработката на секој текстилен инсект, Окита внимателно ги подготвува деталите, се грижи држачите за крилата да одговараат на нивната форма и пропорцијата на телото, а обрнува и внимание на помалите елементи како очите, нозете и антените.

Иако се прилично поголеми од природните инсекти - секое парче е во просек високо околу 10 сантиметри а широко околу 20 – инсектите донекаде изгледаат реалистично.

Извор: booooooom

ОкоБоли главаВицФото