„Исламска држава“ без Дарвин, уметност, историја

16.09.2014 12:26
„Исламска држава“ без Дарвин, уметност, историја

Новата учебна година во Мосул, град кој е под окупација на екстремистичката војска на организацијата „Исламска држава“, треба да почне, а според новата програма учениците ќе немаат предмети од областа на уметноста, историјата, книжевноста, ниту ќе го изучуваат христијанството, бидејќи тие предмети се „трајно укинати“.

„Исламската држава“ ги прогласи патриотските песни за богохулни и нареди одредени слики да се отстранат од учебниците.

Џихадистите кои го освоија Мосул уште на 10 јуни најавија дека учебната година почнува на 9 септември, но учениците главно не се појавиле во училиштата, што може да се смета за еден вид тивок отпор на родителите.

Лидерот на „Исламската држава“ Абу Бакр ал-Багдади во првата порака во јули ја претстави својата визија за „калифатот“ чијшто водач ќе биде тој.

Таа организација неодамна наметна нова училишна програма и во своето упориште во Сирија, градот Рака, исфрлајќи ги филозофијата и хемијата, а усогласувајќи ги другите предмети со својата идеологија.

Во Мосул се претставени нови правила за училиштата, а огласи за тоа се залепени во џамиите, на бандерите и на продавниците.

Во прогласот се објавуваат „добрите вести на калифот за воспоставување Училишта за образование на Исламската држава кои сакаат да ги искоренат незнаењето, да ја рашират верската наука и да се борат против трулата наставна програма“.

Химните и патриотските песни се прогласени за „богохулни“ и строго се забранети. Донесена е и посебна забрана за Дарвиновата теорија на еволуцијата, иако таа ни порано не се изучуваше во училиштата во Ирак.

Министерството за образование на Ирак наведе дека нема никаков контакт со Мосул и другите градови кои се под окупација на исламистите, и дека „не знае што се случува таму“.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото