Дали е важна Парадата на гордоста?

16.09.2014 13:58
Дали е важна Парадата на гордоста?

Кога првпат стигнав во Њујорк, пред речиси дваесет години, еден од најживите впечатоци беше првата Парада на гордоста која ја видов. Бидејќи сум исфрлен од сопствената земја затоа што зборував за геј правата, таа масивна и карневалска демонстрација на слобода и единство ми дојде како целосно откровение. Ја видов американската геј утопија и изгледаше баш така како што ја замислував. Не можев да ги запрам солзите, размислувајќи колку сум среќен што можам да бидам дел од тоа, за разлика од моите геј пријатели кои ги оставив во Русија.

Иако Берлин се смета за родно место на ослободувачкото геј движење, сè всушност се случило во Њујорк кога огорчена група геј лица, лезбејки и трансвестити одлучиле повеќе да не го трпат насилството. Во летото ’69 првпат излегле на улиците, и тоа го прават секое лето оттогаш, сеќавајќи се на почетокот на глобалната геј револуција.

Четириесет и пет години подоцна, живееме во свет каде геј браковите се признати во 18 земји и 19 американски држави. Кога во далечната 1994 година се обидов да го регистрирам првиот геј брак во Русија, ова ми се чинеше како далечна иднина, и многумина од нас се бореа и напорно работеа за да дојдеме до оваа точка. Новата генерација геј луѓе, која е доволно среќна да живее во оваа утопија, не се грижи за политиката; далеку повеќе ги интересираат новите спотови на Лејди Гага отколку прашањата за геј правата во другите, помалку среќни делови од светот: во 80 земји сè уште е нелегално да се биде геј.

За жал, многу Паради на гордоста кои ги видов изминативе години ја промовираат оваа политичка незаинтересираност, занимавајќи се пред сè со конзумеристичките апетити на геј заедницата. Последната парада на која бев изгледаше како бескраен синџир на корпоративни клонови кои се платени да играат полуголи околу логотипот на големите фирми. Неколкуте активистички групи, кои носеа политички слогани, се втопија во виножитното море на корпоративниот маркетинг. Сеќавањето на возбудата од првата Парада на гордоста направи да го презирам она што го гледам денес.

Дали Парадите на гордоста се сè уште важни, после сè шго постигнаа геј организациите ширум светот? И која е поентата на одржување на тие паради во градовите кои се веќе слободни и прогресивни? Зарем не би било попаменто големите спонзори да ги трошат тие пари за да им помогнат на браќата и сестрите кои се во неволја, во местата како што е Зимбабве, каде владее диктаторот-хомофоб Роберт Мугабе, или Иран - каде геј луѓето, вклучувајќи ги и тинејџерите, јавно се погубувани само затоа што се геј, или Мавританија - каде геј луѓето ги осудуваат на смрт со каменување? И листата продолжува, вклучувајќи го целиот арапски свет и поголемиот дел од Африка, каде агресивната хомофобија одзема животи. Додадете ги на таа листа и двете најнаселени земји, Кина и индија, каде хомосексуалноста е полулегална, и Русија во која владеат анти-геј закони, и картата на светот повеќе не изгледа толку геј-френдли, зарем не?

Зарем не е иронично тоа што хомофобијата е речиси единствената работа што ги обединува хомофобите и религиските фундаменталисти на целата земјина топка? Во Москва мала група геј активисти се обиде да организира неколку демонстрации во последните години, само за да наиде на апсење и претепување од страна на неонацистите, додека полицијата само гледаше. Московскиот градоначалник ја потпиша забраната на Парадата на гордоста во следните 100 години, нарекувајќи ги геј луѓето „сатанисти“. И тука повторно се појавува оној стар дух, а глобалниот бојкот на Путиновите анти-геј закони ни дава надеж дека повторно можеме да се обединиме поради некоја повисока цел.

На крајот, дали Парадата на гордоста е важна во 2014 година? Приказната за Стоунвол ни кажува важна работа: група луѓе која одбива да трпи насилство може да го промени светот. Историјата е на наша страна и можеме да ги надминеме сите пречки, како што ги надминувавме и порано.

Парадата на годоста е добра причина да се излезе на улица и да се крене гласот за добра цел, да се живее и слави животот токму таков каков што е. Време е да се сетиме на своето бунтовничко минато и да го побараме назад својот живот, да покажеме колку нè има, да се бориме за еднаквост, и тоа не само во местата како што се Њујорк и Берлин, туку во сите хомофобични градови на светот, од Техеран до Москва. Време е да ја направиме хомофобијата болест која му припаѓа на минатото.

Одиме напред, сеќавајќи се на слоганот на Квир нацијата кој влезе во антологијата: „We're here. We're queer. Get used to it.“ Или она што Кончита Вурст го изговори кога победи на Евровизија: „We are unstoppable!“, што допрва ќе влезе во антологијата.

Извор: slavamogutin.com

ОкоБоли главаВицФото