Политичар се откажал од синот бидејќи се вработил во приватниот сектор

17.09.2014 14:37
Политичар се откажал од синот бидејќи се вработил во приватниот сектор

Скопје, 17 септември 2014

Познат македонски политичар се откажал од синот затоа што овој одлучил да се вработи во приватна фирма, дознаваат Пара вести.

Момчето кое завршило факултет со највисоки оцени ја одбило понудата од таткото да почне да работи во некое од јавните претпријатија, а одлучило заедно со пријателите да основа фирма и самостојно да се проба на пазарот.

„Несогласувањата помеѓу нив двајца постојат со години, а сега ја достигнаа својата кулминација“, раскажува еден нивен близок семеен пријател. „Уште во тинејџерските денови синот покажуваше склоност кон чудни идеи. Вредно учеше, заврши прилично тежок државен факултет, одбиваше познанствата на татко му да му го олеснат студирањето. Сите мислевме дека станува збор само за младешки бунт против таткото и дека сè ќе помине кога ќе созрее. За жал не испадна така. Одлучи да се вработи во приватна фирма, а не во некој управен одбор, што беше желба на таткото. Тоа беше капката која ја прелеа чашата и го скрши кревкото родителско срце“, ни раскажа нашиот извор.

Разочараниот татко кој не одговараше на нашите повици се повлече во семејната куќа и го избегнува секој контакт со јавноста. Како што дознаваат нашите новинари, тој сепак е спремен да му пружи рака за помирување на синот под услов овој да се согласи да учествува и да добие неколку профитабилни работи на јавен тендер.

Извор: www.njuz.net