Колку шеќер има во најпознатите пијалаци

20.09.2014 12:11
Колку шеќер има во најпознатите пијалаци

Според една статија на магазинот Like!, еден просечен Хрват во текот една година пие 17 литри овошен сок и десетина литри газирани пијалаци. Кога би имале неограничена количина пари и би ги избирале производите според квалитетот, 39 отсто од Хрватите би пиеле Кока-кола. Тоа се резултати од само некои истражувања за потрошувачката на соковите и газираните пијалаци, кои се спроведени минатите години.

Други истражувања, пак, покажуваат дека децата кои пијат многу засладени сокови се подебели од оние кои пијат вода и природни сокови, дури и ако дневното внесување на останатите калории им е еднакво.

Токму слатките пијалаци и сокови се една од најчестите замки на исхраната, бидејќи се доживуваат како внесување на храна и затоа често се претерува.

Нутриционистката Дора Бабиќ, претседателка на Хрватското здружение на нутриционисти, објаснува дека со конзумирање сокови и газирани пијалаци во телото се внесуваат скриени и празни калории кои немаат нутриционистичка вредност.

„Ако земеме како пример лице кое конзумира едно шише Кока-кола во кафуле (0,33 л), тоа внесува отприлика 33 грама шеќер, односно приближно 132 килокалории. Ако на тоа ги придодадеме празните калории од останатите безалкохолни пијалаци кои често се конзумираат, алкохолните пијалаци, кондиторските производи или грицки, тогаш веројатно внесуваме навистина прекумерна количина празни калории кои за организмот немаат никаква вредност“, вели нутриционистката.

Подолу може да погледнете мал преглед на количината шеќер која ја содржат некои најпознатите газирани пијалаци.

[КОКА-КОЛА 1Л]

Содржи фосфорна киселина, конзерванси, бои, фруктозно-глукозен сируп, природна арома и кофеин. Во 100 милилитри има 42 килокалории и 10,6 грама шеќер.

Шеќер во едно шише: 106 грама

[JAMNICA limeta/kiwano газирана 1,5Л]

Изработена е од вода со додатоци од шеќер и овошна арома. Содржи конзерванси. 100 милилитри содржат 20 килокалории и 4,9 грама шеќер.

Шеќер во едно шише: 73,5 грама

[ORANGINA 1,5Л]

Изработена е на база на вода со додатоци на шеќер и овошна арома. Содржи конзерванси и сок од концентрат на агрум. 100 милилитри содржат 39 килокалории и 9,3 грама шеќер.

Шеќер во едно шише: 124 грама

[NESTEA ПРАСКА 1,5л]

Изработен е на база на вода со додатоци од шеќер, концентриран овошен сок и екстракти од чај. Содржи екстракт од стевија, концентриран сок од праска (0,1%), екстракт од чај (0,09%), вештачка арома.

Шеќер во едно шише: 124 грама

[BURN 0,25Л]

Изработен е на база на вода со додатоци на шеќер и кофеин. Содржи конзерванси, висок процент кофеин, таурин. Во 100 милилитри има 62 килокалории и 14,5 грама шеќер.

Шеќер во една лименка: 36,25 грама

[CAPPY 100% ПОРТОКАЛ 1Л]

Содржи 100 отсто сок, без дополнителни шеќери и вештачка арома. Во 100 милилитри има 42 килокалории и 9,4 грама шеќер.

Шеќер во едно шише: 94 грама

[SCHWEPPES BITTER LEMON, 1,5 Л]

Содржи конзерванси, глукозно-фруктозен сируп и боја. Во 100 милилитри има 42 килокалории и 12,6 грама шеќер.

Шеќер во едно шише: 189 грама

[BLACK ENERGY 0,25Л]

Содржи конзерванси, бои, висок процент кофеин, таурин и мали додатоци од витамин Б. Во 100 милилитри има 46 килокалории и 10,6 грама шеќер.

Шеќер во една лименка: 26,5 грама

Извор: Jutarnji list