Вртење в круг

22.09.2014 11:39
Вртење в круг

наведнати кули коси неба
автомобили што паѓаат во празнината на патиштата
животни што стојат покрај селските друмови
покриени со гранки со гостољубиви својства
и со птици во облик на лист врз главите
ти одиш но тоа е некоја друга што оди зад твоите чекори
излевајќи ја својата лутина низ искршоците на сеќавањето и на аритметиката
обвиткана во еден фустан речиси темен во згуснатиот шум на големите градови
градот зовриен и густ од жестоките повици и од светлините
се излева од котлето на своите клепки
неговите солзи течат како поток од проста толпа
врз неплодната рамнина кон мазната плот и кон лавата
на сенестите планини на апокалиптичните искушенија

изгубен во географијата на еден спомен и на една темна ружа
јас лутам низ тесните улички околу себе
додека ти исто така луташ низ другите поголеми улици
околу нешто друго

Препев: Влада Урошевиќ
Слика: Алек Хаксли

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото