Њујорк: најголемиот еко-марш во историјата

22.09.2014 11:41
Њујорк: најголемиот еко-марш во историјата

Непосредно пред одржувањето на Самитот на ОН посветен на проблемите со климата, синоќа во Њујорк беше одржан голем марш со цел да се укаже на проблемот со климатските промени во светот.

Станува збор за најмасовниот собир посветен на климатските промени одржан во Њујорк, на кој се собраа повеќе од 100.000 учесници. На маршот беше упатен повик до светските лидери итно да реагираат во правец на намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и глобалното затоплување.

На маршот учествуваа и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, поранешниот американски претседател Ал Гор, градоначалникот на Њујорк Бил ДеБласио, како и повеќе ѕвезди и познати личности.

Учесниците кои ги имаше од целиот свет на маршот парадираа на патот југозападно од њујоршкиот Централ Парк долг 3,5 километри, а најчестите слогани кои можеа да се видат беа „Чиста вода“, „Нема планета Б“, „Работа и правда“ и „Шумите не се за продажба“.

„Наша задача е да укажеме на решавачкиот момент и пресвртницата во поглед на заштитата на природата. Гледајќи го овој собир, денес добив впечаток дека ова е почеток на нова историја“, порача градоначалникот на Њујорк ДеБласио.

Извор: Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото