Урбана фабрика: бележење на интимната географија на градот со везење

22.09.2014 14:29
Урбана фабрика: бележење на интимната географија на градот со везење

„Урбана фабрика“ е јавна интервенција на уметницата Лиз Куенеке, во која учествуваат луѓe кои треба да ги одбележат местата од својот град што ги сметаат за важни, и тоа на рачно везена мапа. Луѓето кои сакаат да учествуваат во оваа интервенција можат да ги обележуваат и позитивните и негативните места везејќи симболи на мапата. На пример: „Каде е срцето на градот?“, „Каде има место кое е позитивно за заедницата?“, „На кое место му требаат промени?“, „Кое место е небезбедно?“ и сл.

Освен обележувањето на овие места, учесниците во оваа интервенција можат да извезат и некакви лични слики, симболи или зборови во границите на мапата.

До сега, овој проект е спроведен во Фез (Мароко), Квито (Еквадор), Бенгалуру (Индија), Барселона (Шпанија) и Њујорк.

Извор: cargocollective.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото