Уставна комеморација

23.09.2014 09:39
Уставна комеморација

Можеби Уставниот суд ќе беше поблиску до вистината ако конференцијата што вчера ја организираше за да ја одбележи 50-годишнината од основањето на уставното судство во Македонија, ја наречеше комеморативна седница по повод трагедијата што го снајде и што допрва го чека уставниот поредок.

Драматични, крајно загрижувачки се предупредувањата од еминентни стручњаци и јавни личности за тоа што ќе се случи со државата, со правата и слободите во неа, ако Владата успее во намерата да го смени Уставот. Професорот Светомир Шкариќ тврди дека амандманот кој ќе овозможи да се основаат слободни финансиски зони ќе има „разорно дејство врз македонската државност, одлуките на АСНОМ и целокупното право“. Тој смета дека шефот на државата Ѓорге Иванов не смее да молчи и го повика да каже „барем два збора“ за овој амандман со кој се удира против неговата парола од изборната кампања „Државата пред сè“.

Претседателот „веднаш“ се јави. Во говорот што го одржа на конференцијата, се разбира, со ниеден збор не го спомна спорниот амандман. Но, од тоа што го кажа, може да се претпостави зошто мора да се менува Уставот: „Уставот денес е израз на суверената волја на граѓаните и највисокиот акт што нѐ дефинира како нација. Тој претставува волја на граѓаните во каква држава сакаат да живеат и каква сакаат да им остават на потомците. Уставот ја одразува нашата реалност и во него се вградени врвните придобивки од македонскиот модел на соживот, вредности и традиции на почитувањето на различностите“.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото