Картонска ретро куќа

23.09.14 13:01

Зои Тејлор и Дејвид Конели од арт колективот Досхаус ја создадоа серијата фотографии „Куќа од картон“, во која прикажуваат куќа чијшто ретро ентериер е конструиран исклучиво од картонски макети.

Освен моделката Зои Тејлор, сè што се гледа на фотографиите - од мебелот, до облеката и „опремата“ како што е виолината или грамофонот - сè е рачно изработено со картон, лепак и боја. Кога повнимателно ќе се погледнат фотографиите, се забележува прецизноста и посветеноста при изработката на секое парче. Бројните детали вклопени во една целина сочинуваат интригантен микс од реализам и „картонски стил“, што донекаде создава впечаток дека гледате некаков вид откачена алтернативна реалност од 1950-тите години.

Извор: www.dosshaus.com

ОкоБоли главаВицФото