Фашизмот дебело заседнал во нашето државиче

24.09.2014 08:23
Фашизмот дебело заседнал во нашето државиче

За разлика од потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките правa, поголем број од високообразовните институции членки на СОНК се искажале против штрајк (синдикалната организација на мојот Институт на општинско ниво го поддржала штрајкот, меѓутоа Универзитетот не).

Овде веќе не можам да зборувам за цепаници неделкани (иако и тука се множат со геометриска прогресија). Овде станува збор за луѓе на кои едоставно не им е местото во високото образование и кои се еден од главните чинители на подемот на фашизмот во Македонија.

Тоа се неконфликтни личности кои си ја вршат работата секој во својата дупка, си добиваат пари од секоја власт и го шират духот на дефетизам, несолидарност, полтронство, идолопоклоништво. Тоа се луѓе кои подготвуваат нови генерации на исплашени, себични полтрончиња кои се клањаат на власта и газат сè што е послабо од нив.

Јас побарав барем Наставно-научниот совет кој е закажан на датумот одреден за почеток на штрајкот да биде поместен. Ниту еден колега (освен претседателот на Синдикатот на ИСППИ) не ми одговори. Претседателот ми ја објасни ситуацијата, а јас сепак стојам на позицијата дека треба да се поддржи штрајкот. Макар и на ниво на Институт.

Во тој момент се јави со свој мејл човек кој работи во мојот Институт (кој ни во најшироко разбирање на поимот не би можела да го наречам колега):

“Zdravo,
onoj / onie koj / koi ke strajkuva / strajkuvaat treba da go kaze / kazat toa i da ne doaga / doagaat na sovet. Ako ima kvorum - ima, ako nema - nema.

Ova i ne e mnogu bitno. Mnogu pobitno e ISPPI da ne dozvoli povtorno da bide vovlecen vo dnevno - politicki i politicko - partiski presmetki. (ОВА СЕ ОДНЕСУВА НА ПОДНЕСЕНАТА ПА ПОВЛЕЧЕНА ИНИЦИЈАТИВА ПРЕД УСТАВЕН СУД ЗА ПОВРЕДАТА НА АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ - НМ) Nesto sto dosega nekolku pati ( im ) uspevase. Posledicite gi znaeme site. (МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ НИ ДАВАШЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ВЕЌЕ АКРЕДИТИРАНИ ПОСТ ДИПЛОМСКИ СТУДИИ) Direktorot na ISPPI e na poteg. Principielno: politikite na ISPPI mora da bidat inkluzivni so politikite na UKIM. Dosega toa CELOSNO NE E TAKA. CELOSNO NE TAKA TOKMU NA POLETO NA POLITIKITE KOI IMAAT DNEVNO - POLITICKA I POLITICKO - PARTISKA UPOTREBNA VREDNOST.“

(забелешките со големи кирилични букви се мои)

Еве, тоа е интелигенцијата која треба да го развива ова општество и која треба да го предводи на скалилата на прогресот.

Како следен чекор очекувам Владата да побара да бидат отпуштени сите оние професори кои на каков било начин го поддржуваат штрајкот.

Ова веќе не е знак за доаѓање на фашизмот. Ова е јасна порака дека фашизмот дебело заседнал во нашето државиче. Сакале меѓународњаците да го видат тоа или не.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото