Славните личности од Златното време со своите домашни миленици

24.09.2014 10:06
Славните личности од Златното време со своите домашни миленици

Ирскиот фотограф Едвард Квин поминал добар дел од кариерата фотографирајќи ги славните глумци, сликари и уметници додека се одморале на Азурниот брег во 1950-тите и 1960-тите години. Секогаш на вистинското место во вистинско време, Квин оставил зад себе огромна колекција фотографии од тогашните ѕвезди, луѓето чија слава и денес е добро позната.

На неговите фотографии, меѓу другите, се наоѓаат и Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Брижит Бардо, Одри Хепберн, Алфред Хичкок, Грејс Кели, Натали Вуд, Ворен Бити...

Иако починал 1997 година, вредноста на фотографиите на Квин е препознаена од издавачката куќа Teneues, која неодамна ја издаде книгата Celebrity Pets, во која на едно место се собрани фотографиите на славните личности со нивните домашни миленици, сите настанати на француската ривиера околу половината на минатиот век.

Подолу можете да погледнете мал избор од богатата колекција на Едвард Квин.

Извор: The Daily Beast

ОкоБоли главаВицФото