Советска пропаганда претворена во квир-постери

24.09.2014 11:28
Советска пропаганда претворена во квир-постери

Русија е земја која дефинитивно не може да се пофали кога станува збор за правата на ЛГБТ популацијата. Но, може да се пофали со креативци и борци за човекови права кои доаѓаат токму од таа заедница и храбро се борат против дискриминирачкиот однос на државата кон нив.

Анонимната група наречена „Pride Propaganda“ изработи сопствена квир ревизија на славните пропагандни советски постери, на кои сега доминираат боите на виножитото и слогани со кои се повикува на борба за еднакви права на ЛГБТ заедницата.

Комунистичката утопија на овие постери е претворена во имагинарен свет во кој нема хомофобија. Исто така, на постерите се промовира хаштагот #pridepropaganda, како знак на поддршка за дискриминираните лица врз основа на сексуалната ориентација.

Извор: pridepropaganda.com

ОкоБоли главаВицФото