Македонија ги спаси и Шкотска и Европа!

24.09.2014 10:59
Македонија ги спаси и Шкотска и Европа!

Шкотска нема да биде независна! Мнозинството Шкоти во пет до дванаесет сфатија дека ниту една лондонска управа не може да ги заебава како што можат да им го начукаат локалните патриоти кога ќе ја грабнат власта во самостојната држава. Како и секаде! Велат дека клучен бил филмот за ризиците што ги носи независноста! Кога виделе дека мала група лудаци можат во името на нацијата да го преслечат Единбург во стиропор и фекални изливи, а во околните долини да формираат слободни зони за мафиотски теревенки на белосветските и домашни апаши, луѓето рекле: но, тенкју! Македонија ја одбрани Европа, драги мои, зашто свети како светилник пред сите европски сепаратисти! Да, да, да не речам, да не беше вемерето, Шкотска ќе беше независна!

Како и да е, Европа е спасена! Засега! Косово останува најмладата држава на стариот континент. Тоа е многу добра вест. Се надевам дека расипаната десница насекаде ќе претрпи удар од кој во Македонија начисто ќе цркне! Јас прв ќе ја посетам и ќе ѝ се посерам на гробот! Така самата утврди со уставните измени: гомна, наместо цвеќе!

Уставните измени се важен дел од одмаздата за енобето и асном! Зошто одбивате да го сфатите тоа, драги мои Македонци! Вемерето ја смета државата за најтешка можна изневера на македонскиот народ, за копиле од предбрачната врска на народот со комунистите и дека Организацијата како постара и, всушност, прва љубовница, има право да им пресуди и на народот и на државата!

Убиство од страст, тоа е дефиницијата на македонската драма: по педесет години женската се појавува на вратата, ги заведува со лажни ветувања и народот и државата, преродба, портокалова револуција бла-бла-бла, влегува во нивната куќа и ја почнува демонтажата цигла по цигла, коцка по коцка, убивајќи ги сите отпори и подготвувајќи ја смртта на оние што ѝ отворија и ја угостија!

Слободната зона за мафиотските финансии и зоната на неслободата за сите други е важна фаза во деконструкцијата на Македонија како модерен и колку-толку нормален историски субјект и враќање на ситуацијата од преддржавниот период!

И повторно целото општество потонува во тоа што Милчин го вика сегментарна расправа, без поглед и без став за општата слика. Сѐ е точно, станува збор за државен пуч, во кој улогата на тенковите ја играат амандманите, ама и таа остра критика повеќе ќе им помогне на пучистите отколку на конституционалистите бидејќи одбива да се занимава со подлабоките димензии на драмата, со целината на драмата! А таа е многу повисоко котирана од грижите за уставот или за последиците од промените на уставот врз евроатлантските интеграции итн. Со други зборови, кога дискутираме за секоја извлечена цигла ние мораме да имаме предвид дека се работи не за циглата туку за целата куќа. За државата! Таа проекција ни фали!

И затоа може да се каже дека темите, со кои се занимава општеството, од уставните промени, до евроатлантските интеграции и од проблемот со името, до финансискиот давеж, и начинот на кој ги третира, драматичното отсуство на синтезирачки способности, го дефинираат Македонецот како учесник во политичкиот сообраќај што не ги разликува боите и сообраќајните знаци од површините за печење пиперки за ајвар! За разлика од Шкотите!

Јас знам дека македонската автодеструкција е единствен и неповторлив културен и политички феномен, но, сеедно, можеби кристализациите на полските уметнички, научни или воени искуства, на вообразеностите и комплексите на таа нација од перото на Гомбрович, ќе можат да ни помогнат да допреме до вистината за себе!

Не знам дали се сетив на господинот Витолд гледајќи го пеколниот обред на „народното богослужење“, таа „ѓаволски подбивна и злобно гротескна“ парада како идејно-политичка и културна супстанца на власта на чипираните идиоти на Надвојводата Шарло или читајќи за овие и вакви чувства, со кои големиот писател ги проследувал расправите во кои полските уметници редовно го величале полскиот влог во културните дострели на светот, се сетив на Македонија во која еден режим и неговите апологети не само што до небо ја воспеваат измислената историја на еден скромен народ, туку на местото кајшто Гомбрович го критикува вознесувањето на Шопен или на Коперник, нашиве пропагандисти ставаат во националниот пантеон сериски убијци, револвераши и кољачи, фолклорни чеда на орото, песната и јагнешкото месо како револуционерни дејности, без многу срам дека тука нема ништо научно, уметничко и културно за покажување! Или, всушност има, за понижување!

Гомбрович не би потрошил ниту една милисекунда на македонското ништавило, но ако мораме да си го измислуваме тој момент, тој би гласел вака: Македонците со детска наивност им ги туткаат на презаситениот свет своите комити само за да го засилат расклатеното чувство на сопствената вредност и да би си дале некакво значење. Тие се како сиромав кој се фали дека неговата баба имала голем имот и дека живеела во Париз. Тие се сиромашни роднини на светот кои се обидуваат да си импонираат себе си и на светот!

Проблемот е во тоа што „ништо сопствено на човека не може да му импонира; така што, ако ни импонира нашата величина и нашето минато, тоа е доказ дека не ни се доволно влезени во крвта“. Фантастично! Обратно, би рекол Гомбрович, „ако вистински зрелиот народ мора со умереност да суди за сопствените заслуги, тогаш и народот кој е на вистински начин животен, мора да научи да ги омаловажува, мора задолжително да биде препотентен во однос на сѐ што не е актуелно денешно негово прашање и негово современо создавање“.

Лицитирањето со некакви гении и јунаци, смета Гомбрович, ја доведува Полска во второстепена позиција бидејќи со сѐ што има таа не може да ја издржи конкуренцијата италијанска, француска, германска, руска, англиска... Па се прашувам јас: ако тие, Полјаците, со Шопен и Коперник, со Кири-Склодовска, со Мицкиевич и Собјецки, не можат да ја издржат таа конкуренција, што можеме ние со Ќосето, не со Ќосето, со Самоил и Александар сосе Јустинијан и сета онаа коњичка и пушкарска експизиција! Се разбира - ништо!

Во мојата теорија на заговорот, тоа е поентата: да се избламира историската и државотворна лиценца на овој народ сведувајќи го на коњскопушкарско ниво во минатото од кое во современоста успеал да еволуира во инфантилизирани глупаци кои уживаат во појадоци на мостовите покрај чинечитанските стиропорни, потемкинови кулиси!

Им се извинувам на Гомбрович и на Полска за паралелите. Нема паралели. Ништото не може да има паралели! Зашто, за разлика од Полјаците, Македонецот препуштен на вмровецот, нема намера да ѝ импонира на Европа и себе си да си импонира, со баба му која имала голем имот и живеела во Париз, туку со баба му која молзела овци и му плетела волнени чорапи на Пирин Планина или со Ќосето кој заедно со своите шефови и со заедничката терористичка организација имаат ликвидирано, брат брату, три-четири илјади души, Македонци, гарант! Минимум!

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат