Скршеното огледало

25.09.2014 14:19
Скршеното огледало

Некој човек млад умрел и оставил жената му млада вдовица. Арно ама, тој не се огрешил и господ го прибрал фоф рајот. Дал му тамока клучовете:

-Ја ти клучовето. Тука ќе шеташ, понам ќе шеташ, ќе одиш ама фоф таа соба нема да флазиш.

А там имало едно гулемо огледало и оттам господ гледал цалата земја шчо прават свето, народо шчо работи. Куга еден ден он отвара таму. Е-е, куга поглежџа на огледалото сè се доле гледа. Гледа неговото село. А натука, а натука, така гледа неговата кашча. Жената му там по преткашчи шета, оди, разбираш ле ме, куга по едно време доди еден маж таму друг.

-О, добар ден! Прегршча а, целива а.

И он отува викнува:

-Е, бре, шчо правиш? Не е ле срамота? И мавнува да го удари, арно ама ка маанува и строшил огледалото.

И сага господ не гледа дуњата по земи шчо праи од тогај ка му тове скршил огледалото.

Кој шчо си иска тоа си прави.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Слика: Levi Jacobs

ОкоБоли главаВицФото