Рибар

26.09.2014 11:09
Рибар

Рибар

Кинисав како рибар со мрежа покрај една река во која нема риба. Јас сум загубен притоа, парталав, стар, смешен. Немој да мислиш дека не го сфатив веднаш твојот однос. Јас само ти простив во оној исти миг, како што сиромавиот му простува на богаташот кого што секогаш би можел да го презре.

Камикаѕе

Ми тврдеа дека Јапонците се одликуваат со извонредна рационалност: дека тие не се сентиментални, ами исправени, горди луѓе. А јас си помислив тогаш дека токму тие рационалисти се определиле за славното камикаѕе - едновремено крајно ирационален, а и крајно конвенционален акт. Тие ја изнашле таа вештина веројатно за да не ја постават под сомнение својата гордост и исправеност. Јас си мислев дека тоа е сепак фаќање за една форма и дека многу смелост треба за да се изложи својата гордост и своето достоинство на проба. Секоја будала може тогаш да плукне на човека што го зел на себе ризикот да не постапува спрема конвенциите.

Слика: Ендрју Макара

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото