1006 hPa
82 %
11 °C
Скопје - Пет, 15.05.2026 02:59

Скопје, 26 септември 2014
Управата на сообраќајната полиција при МВР ги предупреди сите сообраќајци да обрнат внимание затоа што од пред три дена e пуштена во оптек нова банкнота од 10 евра.
Во текот на минатите две недели секој припадник на сообраќајната полиција добил фотографија и детален опис на новата банкнота, за да не дојде во ситуација да ја одбие поради сомнеж дека се работи за фалсификат.
Од МВР велат дека сообраќајците се детално запознаени со изгледот на новата банкнота и дека граѓаните уште од денес можат да ја користат во обид да се договорат со полицаецот поради прекршокот кој го направиле.
„Се решивме на овој потег за да овозможиме соработката на сообраќајната полиција и граѓаните да се одвива нормално, и покрај промената на изгледот на банкнотата. Направивме сè што е во наша моќ за да не ги доведеме граѓаните во незгодна ситуација поради неинформираност на некој од сообраќајците“, рече Гордана Јанкуловска.
Извор: www.njuz.net