1017 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 15:59
Вера Христовска е родена во Ајнбек, Германија, во 1974 година, а живее и твори во Битола. Како вљубеник во секоја форма на уметнички израз, почнала да се занимава со цртање, сликање и оригами, за во поново време да најде голема страст во фотографијата. Приоритетни теми во нејзините дела се социјалните и културните права искажани на интелектуален, неретко бунтовен начин, преточени во вариетет од дизајнерски решенија и фотографии.
Во моментов работи графички дизајн и фотографија, експериментирајќи со различни стилови. Нејзините дела досега биле дел од бројни публикации како и изложби низ повеќе градови во Македонија и странство.
Деновиве во тек е нејзината изложба со наслов „Voyage“ отворена на 25 септември во скопската кафе-галерија Concept 37.