Електро Култура

27.09.2014 11:04
Електро Култура

На 29 септември (понеделник) во 21 часот во Кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи концерт на Електро Култура, соло проект на Владимир Муратовски-Диво, панкер и социјален поет од скопскиот асфалт.

Билетите можат да се купат на билетарата во МКЦ по цена од 200 денари (претпродажба) и 300 денари (на врата).

Во 1992 година Муратовски го снима албумот „Мировна порака“ во својот дом, со помош на Зоран Трпков. Албумот оттогаш останува „една од најдобро чуваните тајни на македонската музичка сцена“. По дваесетина години, на 24 ноември 2013 во студиото на Канал 103, тој конечно го одржува својот прв настап во живо во студиото на радиото Канал 103.

Наскоро потоа беше објавен и албумот кој содржи снимка од „Мировна порака“ од 1992 година и снимка од неговиот радио концерт на Канал 103.

Албумот може да го преслушате и преземете овде.