Везовите на Софија Нерет

29.09.14 13:07

Уметницата Софија Нерет е авторка на брилијантни везови со богата боја, текстура и со уникатен изглед. Со помош на игла и конец, таа во своите везови создава моќни ефекти, а претставените сцени делуваат магично, како насликани со четка и бои.

Истражувајќи го патот на секоја форма, структура и линија, гледачот влегува во авантурата на уметничкиот свет на Нерет, кој изгледа речиси тродимензионално, а остава и впечаток на недовршеност, на приказна која има некакво продолжение.

Софија има богат опус на слики во масло на платно и вели дека случајно започнала со везовите.

„Експериментирав со везови во некои скулптури и потоа ме привлече луминисценцијата на конецот. Наративните сцени кои ги претставував сликајќи почнав да ги везам“, објаснува Нерет.

Извор: www.sophianarrett.com

ОкоБоли главаВицФото