Смртта на универзитетите

30.09.2014 16:26
Смртта на универзитетите

Сите хуманистички науки ќе исчезнат од нашите универзитети? Прашањето е апсурдно. Тоа e како да прашуваш дали алкохолот ќе исчезне од пабовите или егоизмот од Холивуд. Исто како што еден паб не може да постои без алкохол, така не може да постои универзитет без хуманистичките науки. Ако историјата, филозофијата итн. исчезнат од академскиот живот, она што останува е техничката обука како предмет или пак корпоративниот истражувачки институт. Но, тоа нема да биде универзитет во класична смисла на зборот, и тоа ќе биде измама.

Ниту, пак, може да има еден универзитет во вистинска смисла на зборот кога хуманистичките науки се во изолација од други дисциплини. Најбрзиот начин за девалвирање на овие предмети - мал чекор кон нивното отстранување - е да се намали прифатливиот бонус. Вистинските мажи студираат право или инженерство, додека идеите и вредностите се за лигуши.

Хуманистичките науки треба да го сочинуваат јадрото на кој било универзитет кој држи до името. Изучувањето на историјата и филозофијата, придружено со познавање на уметноста и литературата, треба да постои за правниците и инженерите, како и за оние кои учат на уметничките факултети. На хуманистичките науки во САД треба да се гледа како на составен дел од високото образование.

Кога првпат се појавија во нивната сегашна форма околу крајот на 18 век, т.н. хуманистички дисциплини имаа клучна општествена улога. Тоа беше поттик за заштита нешто за кое малограѓанскиот општествен поредок имаше многу малку време. Современите хуманистички науки и индустрискиот капитализам беа повеќе или помалку збратимени при раѓањето. За да се зачува сетот од вредности и идеи, меѓу другото, потребни се институциите познати како универзитети поставени донекаде далеку од секојдневниот социјален живот. Но оддалечените хуманистички студии за жал можат да бидат неуспешни. Меѓутоа, тоа исто така им овозможи на хуманистичките науки да започнат критика на конвенционалната мудрост.

Она на што ние сме сведоци уште во наше време е смртта на универзитетите како центри на критиката. Од Маргарет Тачер наваму, улогата на академијата е да го сервисира статусот кво, не да го оспорува во името на правдата, традиција, имагинацијата, благосостојбата на човекот, слободна игра на умот или алтернативните визии за иднината. Нема да го промениме ова со едноставно зголемување на државното финансирање на хуманистичките науки, како противење на кратењето на ништо. Ќе го промениме тоа инсистирајќи дека критичкиот одраз на човечките вредности и принципи треба да биде во средиштето на сето она што се случува на универзитетите, а не само проучувањето на Рембрант или Рембо.

На крајот, хуманистичките науки може да се бранат со нагласок на тоа колку се тие неопходни, а тоа значи да се инсистира на нивната витална улога во целиот бизнис на академското учење, наместо да се протестира со акцент на тоа колку се тие сиромашни или евтини за одржување.

Како ова може да се постигне во пракса? Финансиски гледано, тоа нема да се случи. Владите имаат намера да продолжат со намалување на трошоците, а не со нивното зголемување. Но, ако не постои универзитет без хуманистички истражувања, тоа ќе значи дека универзитетите и напредниот капитализам се фундаментално некомпатибилни.

Извор: The Guardian/Глобус
Слики: Jerry LoFaro

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото