Уште од раѓање

01.10.2014 10:01
Уште од раѓање

Оска на светот

Го наоѓам оној цртеж
како оска
за сите движења на светот.
Не стоиме
онака како што
рекол пророкот
во својот последен говор
среде толпа луѓе
кои чекаат за да
им се пресечат главите.

Го наоѓам овој цртеж
во чиј опис
не е содржана
утехата за апокалипсата
која ќе го снајде светот.

Го наоѓам овој цртеж
како оска
за сите движења на
светот среде хаос,
пред големото разделување
на двете полутопки
кои ја чинат топката
со која си игра

Бог.


Entrance

Кога луѓето излегуваат на полноќ
да ги видат рожбите на полната месечина
го искривуваш водотекот
на матните реки
и ги давиш пламењата
од оние кои те сакале
на инаков начин,
одмаздувајќи им се
за наплатната рампа
на влезот од пеколот.

 


Уште од раѓање

Белегот што ти стои
уште од раѓање
ми го превртува денот
наопаку
ги гледам луѓето
со челата надолу
виснати со косите-
земјата ја вртиш

Времето ми го реметиш
и утрото го кратиш
да клинкам низ ред малодушни луѓе
за време пократко од денот и ноќта заедно
како дете среде војна и стравови
во обезлуѓени градови
да го дотрчам патот
пред климата да ја собереш
во доказот
за твоето раѓање.

Слика: Alfred Steiner


Мануела Златкова (1997) од Струмица ѝ припаѓа на најмладата генерација автори на книжевната сцена во Македонија.
Себеси најдобро би се опишала како непоправлив вљубеник во театарот, музиката и природата, како и поддржувач на оние кои со уметноста создаваат нови димензии.

Досега има објавено поетски фрагменти во повеќе македонски и балкански книжевни списанија и зборници, помеѓу кои: книжевните списанија „Акт“ и „Ш“, алманахот „100 000 Поети за промена“, балканскиот зборник „Рукописи 36“ во кој што е застапена како најмлад автор.

Златкова е исто така избрана на меѓународниот конкурс „10th Best New Poem Worldwide“ за 2013 година, а освен тоа има освоено повеќе први и втори места на други меѓународни, како и балкански конкурси за поезија.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото