15 креативни кампањи за борба против рак на дојка

02.10.2014 10:32
15 креативни кампањи за борба против рак на дојка

Во САД октомври е национален месец за подигнување на свеста за ракот на дојката, а порталот Boredpanda по тој повод издвои 15 моќни и досетливи кампањи кои се борат против оваа опасна болест.

Повеќето луѓе знаат дека ракот на дојката е потенцијално смртоносна болест и втора најчеста причина за смрт кај жените, но и покрај тоа ги игнорираат некои од основните здравствени прегледи кои можат да помогнат за рано откривање на ракот на дојка.

Со цел да го променат таквиот ноншалантен однос кон опасната болест, повеќе организации започнаа креативни кампањи, понекогаш посегнуваќи и по шокантни и провокативни мотиви, само за да привлечат поголемо внимание.

Подолу го претставуваме изборот на Boredpanda од 15 рекламни кампањи за подигнување на свеста за опасноста од ракот на дојка.

Извор: Boredpanda